Manual.ly Logo

Bosch Professional GSH 5 Upatstvo

0,0 · 0 Оценки

PDF прирачник · 132 страници

македонски

M: OA-GPT-54-NAN
страница

/ 132

Loading...
6218c64b0f614bfc65943573c2bd05aa5e97 page 5a
90 | Македонски
1 609 92A 30S | (31.5.16) Bosch Power Tools
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се
однесува на електрични апарати што користат струја (со
струен кабел) и електрични апарати што користат батерии
(без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен
простор може да доведе до несреќи.
Не работете со електричниот апарат во околина
каде постои опасност од експлозија, каде има
запаливи течности, гас или прашина. Електричните
апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта
или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време
на користењето на електричниот апарат. Доколку
нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите
контролата над уредот.
Електрична безбедност
Приклучокот на електричниот апарат мора да
одговара на приклучокот во ѕидната дозна.
Приклучокот во никој случај не смее да се менува.
Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со
заземјениот електричен апарат. Неменувањето на
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат
ризикот од електричен удар.
Избегнувајте физички контакт со заземјените
површини на цевки, радијатори, шпорет и
фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен
удар, доколку Вашето тело е заземјено.
Електричните апарати држете ги подалеку од дожд
и влага. Навлегувањето на вода во електричниот
апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
Не го користите кабелот за друга намена, за да го
носите електричниот апарат, за да го закачите или
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете
го кабелот понастрана од топлина, масло, остри
рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на
отворено, користете само продолжен кабел што е
погоден за користење на над
ворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во
влажна околина не може да се избегне, користете
заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална
струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
Бидете внимателни како работите и разумно
користете го електричниот апарат. Не користете
електрични апарати, доколку сте уморни или под
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание при употребата на електричниот апарат
може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни
очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска
за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем
или заштита за слухот, во зависност од видот и
примената на електричниот апарат, го намалува
ризикот од повреди.
Избегнувајте неконтролирано користење на
апаратите. Осигурете се, дека е исклучен
електричниот апарат, пред да го приклучите на
напојување со струја и/или на батерија, пред да го
земете или носите. Доколку при носењето на
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте
го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување
со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуа
ции.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
OBJ_BUCH-2781-002.book Page 90 Tuesday, May 31, 2016 1:29 PM

Разговарајте со вашето Bosch Professional GSH 5 упатство користејќи AI

Добијте моментални AI одговори од вашето Bosch Professional GSH 5 упатство

Прашајте било што за Bosch Professional GSH 5. Одговорите доаѓаат од ова упатство, со страниците врз кои се базираат.

GSH 5 Распоред за одржување

Koga se istrosat
Zamenete ugljenite četki

Ako ugljenite četki se istroшат под допустимите толеранции, апаратот автоматски се исклучува. Испратете го апаратот во сервис за замена.

Одма
Замени оштетена капачка за заштита од прашина

Ако капачката за заштита од прашина е оштетена, мора веднаш да се замени, по можност во центар за продажба и сервис.

M: QW-35-FL

Постави прашање

0/1000

Дали го препорачувате GSH 5?

Да Не

Најчесто поставувани Прашања

A

Дизајниран е за длетување во бетон, тула, камен и асфалт. Со соодветен додаток, може да се користи и за задачи на забивање и набивање.

Дали овој одговор е корисен?

A

Да. Користи држач SDS-max, кој овозможува брза и практична промена на алатите без потреба од дополнителни алати.

Дали овој одговор е корисен?

A

Алатката има номинален влез од 1100 W и испорачува 7.5 J ударна енергија по удар, што ѝ дава силна можност за рушење при барани работи.

Дали овој одговор е корисен?

A

Да. Длетото може да се фиксира во 12 позиции, што олеснува избор на најдобар работен агол за површината и задачата.

Дали овој одговор е корисен?

A

Да. Страничната рачка може да се ротира и да се монтира во различни позиции, што помага да се подобри контролата и да се намори помалку при употреба.

Дали овој одговор е корисен?

A

Користете заштита за слух, држете ја алатката цврсто со двете раце и проверете дали има скриени кабли или цевки пред работа. Исто така, следете го прирачникот за безбедно поставување и одржување.

Дали овој одговор е корисен?

M: OA-GPT-54-NAN

Предности и Недостатоци

Предности

  • 1100 W мотор и 7.5 J ударна енергија обезбедуваат силни перформанси при длетување.
  • SDS-max држачот овозможува брза и лесна промена на додатоци без дополнителни алати.
  • 12 позиции на длетото помагаат да поставите подобар агол за различни примени.
  • Помошната рачка и изолираните дршки ја подобруваат контролата и удобноста при работа.
VS

Недостатоци

  • Жичениот дизајн ја ограничува мобилноста во споредба со безжичните алати за рушење.
  • Со 5.6 kg, алатката може да изгледа тешка при подолга работа над глава или на ѕид.
  • Излезната бучава е висока, па заштитата за слух е неопходна на секоја работа.
  • Нивото на вибрации е значително и може да предизвика замор без соодветни паузи.
M: OA-GPT-54-NAN

Производ Спецификација

Моќност

1100W

Број на удари во празен од

2850/min

Енергија на удар

7,5J

Позиции на длето

12

Прифат за алатка

SDS-max бртзооптуштачки футер

Посебни карактеристики

Контрола на бројот на удари, Мека рачка, Дополнителна рачка

Тежина

5,60kg

Содржина на пакувањето

Куфер, Заштилено длето

M: GO-GEM-FL-25

Производ Опис

Bosch Professional GSH 5 Електричен чекан за длетување со куфер

Прирачникот за Bosch Professional GSH 5 Electric chisel hammer incl. case е практична почетна точка за секого што сака појасна слика за тоа што е наменета да прави оваа алатка за рушење и како се вклопува во барани работи за реновирање. Создаден за длетување во бетон, тула, камен и асфалт, овој модел се фокусира на контролирана ударна моќ наместо на впечатливи дополнителни функции, што го прави едноставен избор за сериозни задачи на градилиште.

Во срцето на алатката е мотор од 1100 W поврзан со 7.5 J ударна енергија, што ѝ ја дава потребната сила за кршење, сечење и отстранување на тврд материјал. Носачот SDS-max поддржува брза промена на алатите, додека системот за прилагодување на длетото во 12 позиции им помага на корисниците да го најдат најдобриот работен агол за задачата. Таа флексибилност е важна кога треба ефикасно да работите на подови, ѕидови или нерамни површини.

Удобноста и ракувањето се исто така дел од дизајнот. Помошната рачка може да се премести за да одговара на задачата, а изолираните површини за држење помагаат за побезбедно ракување. Bosch исто така вклучува капа за заштита од прашина за да помогне држачот за алат да остане почист за време на употреба, а испорачаниот куфер го прави транспортот и складирањето поудобни меѓу задачите.

Овој вид алатка најмногу се цени во реална употреба, каде што конзистентноста и издржливоста се поважни од новитетите. За рушење, подготовка на површини или лесно набивање со соодветен додаток, GSH 5 нуди избалансирана комбинација од моќ и контрола. Тоа е жичен уред, па е наменет за корисници што сакаат континуирана работа без прекини поради батерија.

Како и кај повеќето тешки алатки за длетување, има и некои компромиси. Нивото на бучава е високо, вибрациите се забележливи, а тежината е доволна да бара правилна техника при подолги сесии. Сепак, тие карактеристики се типични за машина во оваа класа и се дел од нејзината работна способност.

Notes

  • Најсоодветен за работа со бетон, ѕидарија, тула, камен и асфалт.
  • Користете заштита за слух и почитувајте практики за безбедност при вибрации.
  • Одржувајте ги капачето за прашина и држачот за алат во добра состојба за сигурна работа.
  • Вклучениот прирачник е важен за поставување, одржување и безбедно ракување.
M: OA-GPT-54-NAN

© Copyright 2026 Manual.ly